Завршен состанок на проектниот тим на проектот АГРАС

На 28ми јануари, 2014 година во просториите на “Регион Централна Македонија” – Солун, Грција беше одржан завршниот состанок помеѓу проектните тимови на проектот “Подобрување на патната мрежа за развој на руралната прекуранична област” – АГРАС, финансиран од Европската унија преку „ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Грција и поранешна Југословенска Република Македонија” 2007-2013.

На состанокот беше дискутирано за активностите кои се завршени во периодот помеѓу вториот координативен состанок и овој завршен состанок. Главните теми за кои се дискутираше беа: семинарот за трансфер на знаење во Струмица, јавните дебати во 10те општини на Југоисточниот плански регион, студиската посета во Грција, фидбекот од учесниците на семинарот, студиската посета и јавните дебати, како и за останатите активности извршрни во гореспоменатиот период.

Во вториот дел од состанокот дискусијата беше фокусирана на идните активности кои треба да се постигнат до завршувањето на проектот. Овде, како главни теми би се издвоиле: принтањето и дисеминацијата на Студијата на можности за подобрување на патната инфраструктура во ЈИПР, подготовката и предавањето на Техничката документација за локалниот пат Ѓавато – Грчиште до општините Валандово и Богданци како и до сите заинтересирани страни, одржувањето и ажурирањето на Веб страната на проектот и планираните објави во медиуми.

На крајот, проектните тимови дискутираа за завршната конференција која е планирано да биде одржана во Струмица, со предлог дата – 21ви фебруари, 2014 година.

Interreg Wording_4C flag B