Започнуваат јавните дебати во 10-те општини од Југоисточниот плански регион

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во рамките на проектот „Подобрување на патната мрежа за развој на руралната прекугранична област„ – АГРАС, финаниран од Европската унија преку ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Грција и поранешна Југословенска Република Македонија 2007 – 2013 година ќе организира јавни дебати во сите десет општини на регионот.
Тема на дискусија ќе бидат изработените анализи за постоечката патна инфраструктура во Југоисточниот регионот. Истите ќе се дискутираат и анализираат со помош на надворешни експерти во поглед на техничките прашања и дизајнот.
Учество можат да земат сите заинтересирани страни (бизнис сектор, експерти, граѓани итн.)

Interreg Wording_4C flag B