Студиска посета од 04 до 06 декември 2013 во Грција

Во рамките на проектот “Подобрување на патната мрежа за развој на прекуграничната рурална област”-АГРАС предвидена е студиска посета во Регионот на Централна Македонија, Грција.
Целта на оваа посета е претставниците од општините на Југоисточниот плански регион да бидат одблиску запознаени со техничките практики и барањата на законодавството на Европската Унија за изградба и менаџирање на патната инфраструктура за време на нивната посета во регионот-партнер во Грција. Предвидено е учество на 10 претставници од општините на Југоисточниот плански регион и дел од проектниот тим од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион. Студиската посета ќе трае од 4ти до 6ти декември 2013 година.
Од студиската посета се очекува 10-те претставници од општините на Југоисточниот плански регион да се здобијат со искуство и знаење за техничките практики и барањата на ЕУ законодавството во делот на изградбата и менаџирањето на патната инфраструктура како и подобро разбирање и имплементација на менаџерските техники во инфраструктурата, соодветна и одржлива заштита на околината, координација на активностите од страна на партнерите од двете страни што би водело кон координирано патно вмрежување.

Interreg Wording_4C flag B