Студиско патување за стекнување на знаење на претставниците од општините на Југоисточниот плански регион во Грција

Во рамките на проектот „Подобрување на патната мрежа за развој на руралната прекугранична област“ – АГРАС, финансиран од ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Грција и поранешна Југословенска Република Македонија 2007 – 2013 во периодот од 4ти до 6ти Декември се одржа студиско патување во Грција.
Претставници од сите десет општини на Југоисточниот регион имаа можност одблиску да се запознаат со техничките практики и барањата на законодавството на Европската унија за изградба и менаџирање на патната инфраструктура за време на посетата во Грција. Учесниците заедно со проектниот тим и експерти-инжинери на 5ти Декември на терен го посетија местото во областа Аграс каде што се предвидува изградбата на патот од градот Едеса до границите на префектурата Лерин. На лице место експертите демонстрираа како ќе бидат изградени тунелите и мостовите, кои делови од областа со патот ќе бидат поврзани итн.
Понатаму на 6ти Декември претставниците од општините и проектниот тим ги посетија проектантските бироа „CHOROS“ Ltd и „ GEOGNOSI“ S.A во Солун кои работат на дел од техничката студија за патот од Едеса до Лерин. Таму имаа прилика да ја разгледат драфт верзијата од техничката студија за патот, да дискутираат подетално за многу прашања поврзани со подготовка на проектна документација за патишта и заштита на животната средина. Подготвенатa верзија од техничката документација беше презентирана и демонстрирана на карта со детали од предвидената изградба на патот.
Во проектанското биро „GEOGNOSI“ S.A учесниците на студиското патување имаа можност да ја посетат лабораторијата каде што се вршат геотехнички и геомеханички испитувања и анализи на почвата кои се од пресудно значење пред фазата на изградба на еден пат.
Студиското патување се одвиваше според предвидената агенда. Учесниците беа задоволни од посетата на Регионот Централна Македонија, од стручноста и професионалноста на експертите на начинот на кој им пренесоа дел од своето знаење и искуство.

Interreg Wording_4C flag B