Успешно завршени јавните дебати во општините од Југоисточниот плански регион

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во рамките на проектот „Подобрување на патната мрежа за развој на руралната прекугранична област„ – АГРАС, финаниран од Европската унија преку ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Грција и поранешна Југословенска Република Македонија 2007 – 2013 успешно ја имплементира предвидената активност „Oрганизирање на јавни дебати во сите 10 општини на Југоисточниот плански регион“
Дебатите започнаа на 28.11.2012 година и интензивно се одвиваа до 11.12.2013 година.
Тема на дискусија беа изработените анализи за постоечката патна инфраструктура во Југоисточниот регионот. На дебатите присуствуваа заинтересирани граѓани од различни области (урбанисти, градежници,бизнис сектор, експерти, граѓани итн.)
Проектниот тим го презентираше проектот а понатаму дебатите ги водеа експерти кои заедно со поканетите страни дискутираа и ги анализираа добиените податоци од постоечката патна инфраструктура во Југоисточниот плански регион.
Дебатите се одвиваа во позитивна насока во поглед на изјаснување на граѓаните со своите ставови и забелешки кои имаа прилика освен усно да ги произнесат и во писмена форма.
Размислувањата и ставовите на граѓаните заедно со добиените анализи за патната инфраструктура ќе бидат искористени во изработка на стратешкиот документ Студија на можности кој ќе биде доставен до сите општини и министерства од регионот кој во иднина ќе послужи за подобрување на патната инфраструктура во Југоисточниот регион.

Interreg Wording_4C flag B